Авалон го одложи „Рап и трап“ фестивал, другите два за сега остануваат да се одржат

Авалон го одложи „Рап и трап“ фестивал, другите два за сега остануваат да се одржат

пред 3 години

естивалот „Рап и трап“ што требаше да се одржи на 9 септември на Стадионот на АРМ, е одложен за 2022 година, најави организаторот Авалон продукција. Останатите два фестивала, „Скопје колинг“ и „Скопје саундс гуд“ ќе се одржат, велат од Авалон.

„’Рап и трап’ е фестивал наменет најмногу за публиката од 14 до 20 години. Поради актуелната ситуација, почетокот на учебната година и тоа што овие лица не се вакцинираат поради возраста, решивме проектот за да одложиме за јуни догодина. Останатите два фестивала ќе се одржат со најавените артисти, со тоа што ‘Скопје саундс гуд’ наместо на 8 ќе биде на 9 септември на истата локација“, велат од Авалон.

Организаторите додаваат и дека ќе се придржуваат до сите протоколи и мерки што ќе бидат актуелни во времето на одржување на фестивалот, а се однесуваат на јавни настани. На „Скопје саундс гуд“ ќе настапат Buč Kesidi, Nipplepeople, Funk Shui и Svemirko, а на „Скопје колинг“ на 10 септември се MEDUZA, Nancie, Cyrillic и Chris J, а на 11 септември ќе настапат VINI VICI, Maurice West, Galoski и Jana Slayy.

Share
Scroll to Top