Авион полетал во 2023, а слетал во 2022 година

Авион полетал во 2023, а слетал во 2022 година

пред 1 година

Патниците на летот што патуваа од Сеул, Јужна Кореја до Сан Франциско, САД на Нова година, полетале во 2023, а слетале во временска зона во која е 2022 година.

Авионот полетал од Сеул 35 минути по полноќ, а во Сан Франциско треба слетал во 17 часот и 14 минути. Временската разлика помеѓу овие два града е 17 часа, иако самиот лет трае околу 9 часа.

Следбениците на Flightradar24 кои го гледаа летот онлајн, на Фејсбук напишаа дека се воодушевени од овој феномен, а некои се шегуваат дека ова е доказ дека постои патување низ времето.

 

Share
Scroll to Top