Состојки:
1 зрело авокадо, 1 домат, 1 мала главица црвен кромид, малку магдонос, малку сок од лимон и 2 тврдо варени јајца.
Подготовка:
Исечете го авокадото на половина, извадете ја семката, а потоа со лажица извадете го авокадото од лушпата. Посипете со сок од лимон и пасирајте со вилушка за да направите пире.
Исечкајте ги јајцата, доматите, кромидот и магдоносот, посолете, бибер и додајте ги во пирето од авокадо.
Измешајте го намазот и додајте уште зачини доколку е потребно.