Пејачката Адел, по шест години ќе објави нов албум, открива нејзин близок пријател. Тој вели дека Адел ќе го објави албумот на 19 октомрви и дека ќе го носи името триесет, бројка која ја означува третата деценија од нејзиниот живот.
Бројот 30 веќе се нашол на неколку банери во Лондон, Дубаи, Париз, Даблин и други светски метрополи, а голем број фанови веруваат дека Адел на овој начин сака да го најави нејзиниот четврт албум.
Последните три албуми таа ги нарече по бројот на нејзините години во моментот кога ги објави.Во 2008 година Адел го објави својот прв албум под името 19, во 2011 година го нарече албумот 21, а четири години подоцна 25.
Пејачката синоќа објави и видео од нејзината најнова песна која треба да излезе на 15 октомври, а фановите и коментираа дека со нетрпение го чекаат нејзиното враќање на сцената.
Некои од медиумите шпекулираат дека поради неа, пејачката Тејлор Сфит го поместила датумот на објавување на нејзиниот албум, од 19 за 12 ноември.