Адел e во врска со Бредли Купер

Адел e во врска со Бредли Купер

пред 3 години

Британската пејачка Адел е во врска со холивудскиот актер Бредли Купер, пренесуваат светските медиуми. Наводно нив ги запознала Лејди Гага, пејачката која имаше кратка љубовна авантура со актерот, за која пишуваа медиумите.

Откако минатата година се разведе од сопругот Симон Конецки, 33-годишната Адел сега повторно најде среќа во љубовта. Magazin New Idea пишува дека Бредли не останал рамнодушен на нејзиниот нов изглед.

Во изминатиот период Адел се посвети на вежбањето и здравата исхрана и ослабна преку 40 килограми. Купер е сам веќе една година, откако се разведе од руската манекенка Ирина Шајк.

Иако во изминатиот период се шпекулираше дека Адел е во врска со британскиот рапер Скепт, сепак пејачката минатиот викенд во шоуто Saturday Night Live и на „Инстаграм“ јасно даде до знаење дека и понатаму е сингл, но и дека можеби е во врска со холивудската ѕвезда.

Извори блиски до Адел откриваат дека таа со новата линија стекнала самодоверба и дека сега има повеќе храброст да влезе во нова љубовна авантура.

„Адел е сингл и е подготвена да се дружи со нови пријатели во холивудските кругови. Бредли би можел да биде личноста каква што таа ја посакува. Се разбираат затоа што и двајцата се сингл по разводите, но и двајцата имаат деца од минатите бракови“, открива изворот.

Share
Scroll to Top