Адолф Хитлер победил на изборите во Намибија

Адолф Хитлер победил на изборите во Намибија

пред 3 години

Политичарот Адолф Хитлер Унона, победил на регионалните избори во Намибија и така освоил место во локалниот совет, јавуваат светските медиуми.

Хитлер, со 85% од гласовите, стигнал до функција во Ошана, која некогаш била колонија на Германија. Повеќето луѓе кои живеат таму, како и улиците и локациите, носат германски имиња.

Овој политичар е член на SWAPO партијата која е на чело на Намибија уште од 1990 година, кога таа земја прогласила независност. Како што пренесува германски „Билд“, таа нема никаква врска со нацистичката идеологија како таа од триесетите и четириесетите години од минатиот век.

„Мојот татко ми го даде името по тој човек. Веројатно не знаел што претставува Адолф Хитлер. Како дете, ми се чинеше нормално име. Но, кога станав тинејџер, сватив која стигма ја влече со себе истото и дека тој човек сакал да го освои светот“, изјавил Хитлер, а пренесува „Дејли Мејл“.

Тој истакнал дека сопругата го нарекувала Адолф, но дека обично се претставува како Адолф Унона, иако сега е доцна легално да го промени името.

„Тоа што се нарекувам Адолф Хитлер не значи дека сакам да ја освојам Ошана. Ова не значи дека сакам да доминирам со светот“, изјавил овој политичар од Намибија.

На изборите Хитлер освоил 1196 гласови, а неговиот противкандидат 213.

 

 

Share
Scroll to Top