Адријана Лима конечно одговори на коментарите дека лицето и „пука“ од ботокс

Адријана Лима конечно одговори на коментарите дека лицето и „пука“ од ботокс

пред 5 месеци

Изгледот на познатата бразилска манекенка Адријана Лима наголемо се коментира по нејзиното трето породување во август минатата година, кога со филмскиот продуцент Андре Лемер го доби синот Сајан. Ваквите негативни коментари ја следат и откако пред неколку дена се појави на премиерата на филмот „The Hunger Games: The Ballad of Songbirds & Snakes“ во Лос Анџелес.

Меѓу тие реакции беа и тврдењата дека модната ѕвезда направила одредени естетски зафати, а со месеци се шпекулира дека претерала со ботоксот.

И претходно се зборуваше дека лицето и е ботоксирано, но Адријана Лима до сега не одговараше на ваквите коментари.

Бразилскиот модел објави слика на Инстаграм без шминка и рече: „Лицето на уморна мајка на тинејџерка, две пред-тинејџерки, едногодишно дете кое учи да оди и три кучиња“.

„Ви благодара што се грижите”.

Лима саркастично одговори со оваа последна реченица, а многумина ги збуни набројувајќи ги своите деца бидејќи се знае дека со Лемер го има синот Сајан, а во бракот со познатиот српски кошаркар Марко Јариќ ги доби ќерките Валентина и Сијена.

Познатата манекенка претходно во интервју за People прокоментира како нејзината трета бременост влијаела на нејзиниот изглед: „Секој ден морам да се потсетувам: „Слушај, прифати кој си. Прифати го своето тело. Ова е моменталниот изглед откако се породив. Да, дадов нов живот, тоа е голем благослов. Секое тело различно реагира за време и по бременоста“.

Share
Scroll to Top