Адријана Лима позираше без шминка за шпански Вог

Адријана Лима позираше без шминка за шпански Вог

пред 2 месеци

Адријана Лима позираше за шпански Вог.

43-годишната манекенка позираше без шминка, а на Инстаграм беа објавени фотографии од ноемвриската насловна страна на магазинот.

„Посилна и похрабра од кога било. Адријана Лима се врати да позира за нашата насловна страница“, објави магазинот, додавајќи дека Лима се присетила на раната кариера.

На првата насловна Лима позираше во маица на Кристијан Диор и шешир на Clyde x Collina Strada. На втората корица манекенката позираше во црн фустан на Диор.

Во интервју за Vogue таа се осврна и на мајчинството.

„Тешко е, имам пет деца, а да се биде мајка на 40 не е исто што и да се биде мајка на 20 години, но отсекогаш сум сакала да имам големо семејство и сум млада во срцето. Исто така, сакам да тренирам Тоа е дел од нашата култура овде во Рио де Жанеиро“, рече Лима.

„Точно е дека обично се дебелеам многу за време на бременоста, но морам да размислувам за себе. Имав други приоритети. За среќа, ја имав поддршката од моето семејство, а сега сето тоа е во минатото. Модата е за нас жените, кои вообичаено купуваат и се свесни што се случува таму, така што секој момент во животот треба да се слави и во моментов се чувствувам одлично“, рече таа.

Таа додаде дека во моментот сака да се гледа себеси без шминка.

Share
Scroll to Top