Бугарскиот пејач Азис објасни дека станува збор за поставување машки силиконски импланти во градите, со пофални зборови за лекарите и медицинскиот персонал.
Азис пред неколку дена ги вознемири обожавателите со објава на социјалните мрежи, каде што сподели фотографија од болнички кревет. Во порака, тој откри дека неговата долгогодишна желба повторно се остварила, алудирајќи дека бил подложен на естетска интервенција.
Азис појасни дека станува збор за поставување машки силиконски импланти во градите, со пофални зборови за лекарите и медицинскиот персонал, нагласувајќи дека за време на престојот во клиниката се чувствувал „како дома“.
„Ќе имам убаво дефинирани, атлетски гради. На почетокот ќе бидат малку надвор од вообичаените пропорции, поголеми, но со текот на времето ќе се намалат и ќе се сместат убаво. Престојот во неговата клиника беше како да сум дома. Целиот тим е уникатен – прекрасни луѓе! Ве сакам, Ники Георгиев! Вие сте најголемиот професионалец на светот“, напиша тој.






