Ако Трамп победи на изборите, Британец ќе добие 15 милиони долари

Ако Трамп победи на изборите, Британец ќе добие 15 милиони долари

пред 3 години

Анонимен бизнисмен од Велика Британија се обложил во 5 милиони долари дека Доналд Трамп ќе повторно ќе биде претседател на САД. Ако Трамп навистина победи на претседателските избори, мажот, кој е поранешен банкар, ќе заработи 15 милиони долари. Според „Дејли меил“, ова е досега најголемиот облог во политиката.

Поранешниот банкар се обложил со приватна обложувалница на Карибите. Тој не е единствениот кој се обложува на резултатите од претседателските избори. „Дејли меил“ објави дека три четвртини од облозите во светот ставени минатата недела се врзани за изборите во САД.

Но, постојат и такви кои се убедени во победата на Џо Бајден. Друг Британец вложил милион фунти и ако победи Џо Бајден, тој ќе добие 1,5 милиони фунти.

Share
Scroll to Top