Ако ја изневери Џенифер Лопез, Алекс Родригез ќе мора да ѝ плати 250 милиони долари

Ако ја изневери Џенифер Лопез, Алекс Родригез ќе мора да ѝ плати 250 милиони долари

пред 3 години

Ако вереникот на Џенифер Лопез, Алекс Родригез ја изневери пејачката, тогаш ќе мора да ѝ исплати 250 милиони долари.

Ова го пишува во нивниот предбрачен договор, кој според пишувањата на Woman’s Day, воопшто не му се допаѓа на Родригез.

На почетокот на годината, светот со нетрпение ја очекуваше венчавката на еден од најпопуларните парови на денешницата. Сепак пандемијата со коронавирусот ја одложи истата.

Според пишувањата на таблоидите, уште една од причините поради која венчавката беше одложена е и опсежниот предбрачен договор.

Токму тој е и причината за новите големи расправии во врската меѓу латино дивата и шест години помладиот поранешен бејзбол играч. Според пишувањата Лопез е подготвена и да го остави Алекс, ако тој не се согласи на условите кои се наведени во предбрачниот договор.

„Предбрачниот договор силно го погоди Алекс. Двајцата се оддалечеија, а кога се заедно постојано се расправаат. Џенифер е подготвена Алекс да го нарече глумец и да го остави, ако тој одбие да потпише“, открива извор близок до славната двојка.

„Проблемот е во тоа што и двајцата навикнаа да бидат со помалку познати и богати лица и очекуваат едноставно другата страна да се покори на сите нивни барања“, додава изворот.

„Џенифер го тера Алекс да потпише клаузула за неверство. Во тој случај, ако тој ја изнвери, ќе мора да ѝ плати неверојатни 250 милиони долари. Неговите адвокати инсистираат на тоа, тој да се бори. Односите во нивниот дом затоа и не се баш најсјани“, заклучува изворот.

Share
Scroll to Top