post-image

Актерката Ен Хеч е во критична состојба, откако пијана со автомобил удрила во куќа

пред 2 години

Холивудската актерка Ен Хеч доживеала тешка сообраќајна несреќа во Лос Анџелес откако со својот автомобил удрила во куќа.

Според TMZ, актерката прво удрила со својот автомобил во гаража на станбен комплекс. Сведоците наводно се обиделе да ја извлечат од автомобилот, но таа се оддалечила.

Набргу потоа таа повторно удрила, овој пат во куќата каде избувнал пожар, на кој 59 пожарникари повеќе од еден час го гаснеле.

„Возилото се движело со голема брзина, поминало на раскрсницата и удрило во куќата“, изјавил портпаролот на полицијата во Лос Анџелес за „Детлајн“.

Актерката со изгореници е пренесена во болница, а според Си-Ен-Ен, Ен Хеч е во критична состојба.

„Моментално е во болница, интубирана, но се очекува се да заврши добро“, пишува TMZ.

Засега се шпекулира дека можеби имало алкохол во автомобилот и дека актерката била во алкохолизирана состојба, но тоа ќе го покаже понатамошната истрага.

Share
Scroll to Top