Актерката е подготвена да ја дочека сезоната на бикини – со насмевка и 22 килограми помалку

Актерката е подготвена да ја дочека сезоната на бикини – со насмевка и 22 килограми помалку

пред 9 часа

Актерката Ејми Шумер стана ѕвезда на мрежата откако ослабе 22 кг, а потоа и поради разводот од Крис Фишер. Ејми во еден момент ги избриша сите свои стари фотографии на Инстаграм, оставајќи само нови, од кои некои се далеку попровокативни од старите што ги објави.

Сега таа повторно се најави на оваа мрежа, во форма на атрактивна фотографија. Ејми направи селфи, а вниманието на јавноста го привлече нејзината видливо слаба фигура.

Актерката позираше во едноделен костим за капење и се чини дека е подготвена да ја отвори летната сезона, но и да се пофали со драстичното слабеење.

Ејми е една од ретките јавни личности која отворено зборува за своето слабеење. Таа призна дека користела лекови за слабеење, но од една причина – „за да преживее“.

Актерката страда од Кушингов синдром, кој се јавува кога телото има вишок на хормонот кортизол подолго време, што на крајот доведува до прекумерно зголемување на телесната тежина.

Share
Scroll to Top