Актерката Сабина Ајрула оперирана од тумор на мозокот откако ѝ се слошило на снимање

Актерката Сабина Ајрула оперирана од тумор на мозокот откако ѝ се слошило на снимање

пред 3 години

Истакнатата македонска актерка Сабина Ајрула-Тозија (72), неодамна е оперирана од тумор на мозокот. Операцијата беше околу Нова година, во Скопје, а веста за „Репортер“ ни ја потврди министерот за здравство Венко Филипче и семејството на Ајрула.

„Сабина е добра, се опоравува од операцијата, а и добро ѝ оди за сега. Се движи сама и по малку шета“, ни изјави за Репортер.мк министерот за здравство Филиче.

„Репортер“ дознава дека операција траела вообичаено и туморот бил отстранет, а актерката била пренесена на интензивна нега каде што останала четири дена. Потоа е пренесена на болничко лекувње, а од пред некој ден е пуштена дома.

Глумицата за болеста дознала за време на снимањето на серијата „Мафијата не го контролира светот“, во која ја има главната улога и која е една од најпопуларните во момнетов во Турција, а ја снима шестата сезона.

За време на снимањето на една од епизодите, на Сабина ѝ се слошило, изгубила свест и ја однеле во болница. По испитувањето таа дознала дека има тумор на мозокот. Од Турција дошла во Скопје каде ѝ се направени дополнителни испитувања.

Сабина Ајрула е познато име на македонската театарска сцена и истакната актерка во повеќе телевизиски и филмски продукции во и надвор од земјата. Во своето долгогодишно искуство соработувала со повеќето реномирани македонски и странски режисери.

Средното образование го завршила во Економското училиште „Моша Пијаде“ во Скопје (1965), по што се вработила во Драмскиот театар – Скопје (1967), на чија сцена остварила повеќе од шеесет улоги. Освен на матичната сцена играла во скоро сите македонски театри.

Освен на театарските сцени, активно глуми во многу телевизиски и филмски продукции, а покрај македонските игра во телевизиски серијали и од турската продукција. Во 2015 година ја доби наградата за живото дело „Војдан Чернодрински“.

Редакција Репортер

 

Share
Scroll to Top