Актерот Бранко Цвејиќ итно хоспитализиран, откако му се слошило во театар

Актерот Бранко Цвејиќ итно хоспитализиран, откако му се слошило во театар

пред 2 години

Легендарниот актер Бранко Цвејиќ е во болница и лекарите се борат за неговиот живот. На актерот му се слошило пред седум дена на проба во тетар.

dobivaj vesti na viber

Актерот наводно се наоѓа во Клиничкиот центар на Србија и лекарите се борат за неговиот живот по компликациите со дебелото црево и водата во белите дробови, пишува Република.

Бранко моментално е стабилен, но општата состојба му била тешка, пишуваа српска Република.

Актерот Бранко Цвејиќ има 75 години и е познат по улогата на Листер од „Семејно богатство“, додека многумина го паметат по улогите во „Бела Лаѓа“, „Јагода во супермаркет“, „Биче боље“ и други.

Бранко се уште е активен во актерството, додека во јавноста ретко се појавува. Инаку, актерот пред четири години имаше операција на срцето. Лекарите потоа му извршиле операција на срцето и му поставиле бајпас.

Share
Scroll to Top