Актерот Киванч Татлитуѓ ќе стане татко, по многу години, неговата сопруга е бремена

Актерот Киванч Татлитуѓ ќе стане татко, по многу години, неговата сопруга е бремена

пред 3 години

Турскиот актер Киванч Татлитуѓ, кого честопати го споредуваат со Бред Пит, ќе стане татко. Тој и неговата сопруга Башак Дизер го очекуваат своето прво дете. Тие на почетокот од месецот на Инстаграм соопштија дека Дизер е во третиот месец од бременоста, но засега полот сè уште не го знаат полот.

Лани се шпекулираше дека Башак е бремена, но таа ги негираше на тврдења, па се огласи на Инстаграм по тој повод.

„Не сум бремена. Тоа е погрешна вест што редовно се објавува секоја година“, рече тогаш таа.

Киванч и Башак се венчаа во 2016 година и важат за еден од најпримерните парови во Турција. Секогаш претпочитаат да ја чуваат својата љубов подалеку од очите на јавноста, но тие не ја негираат својата среќа и спокојна семејна идила.

„Јас не сум личност која сака јавно да го споделува мојот приватен живот. Башак исто така.“, вели Киванч во интервју за турски медиум.

„Се забавуваме, поминуваме квалитетно време заедно, споделуваме радост, ентузијам и секако тага заедно, се смееме, патуваме, меѓусебно се надополнуваме и негуваме. Секогаш има љубов во тоа што го кажувам. Љубовните врски обично започнуваат со љубов и почит, но ова мора секогаш да продолжи или магијата ќе биде прекината“ додава тој.

Киванч Татлитуѓ е дел од многу познати турски хит серии, а моментално кај нас е најпознат по улогата во „Со Русија во срцето“ каде го глуми млад Турчин во елитната царска гарда, Курт Сејит.

Share
Scroll to Top