Глумецот Миодраг Радоњиќ, познат како Бача од „Јужен ветер“, стана татко. Неговата девојка Милица се породи, а раѓањето на бебето Миодраг го прославил дома со неколку најблиски пријатели заради короната, открил извор за „Блиц“.
„Пред Нова година Миоград и Милица го добија најубавиот подарок“, рекол близок пријател на актерот за српскиот медиум.
Глумецот и неговата девојка долго време ја криеја бременоста од јавноста. Дури и сега, по раѓањето на бебето, Миодраг не откри дали добил син или ќерка.