Актерот Славко Штимац во болница поради компликации од Ковид-19

Актерот Славко Штимац во болница поради компликации од Ковид-19

пред 3 години

Српскиот актер Славко Штимац веќе неколку дена е во Воено медицинскиот центар „Карабурма“ поради компликации со Ковид-19, но се опоравува, пишуваат локалните медиуми.

Тој пред 10 дена бил примен во болница поради воспаление на белите дробови, кое било предизвикано од коронавирусот.

„Штимац е сместен на ВМЦ поради пневмонија. Неколку дена беше на кислородна поддршка, но за среќа, неговата здравствена состојба е подобра и не бара тој да биде на интензивна нега. Речиси целосно закрепна од воспалението на белите дробови и за неколку дена би требало да го пуштат дома“, рекол извор од болницата за „Курир“.

Штимац, кој е роден на 15 отомври 1960 година, се прослави со филмовите „Ко то тамо пева“, „Сечаш ли се Доли Бел“, „Варљиво лето“, „Игмански марш“ и други.

Share
Scroll to Top