Американскиот актер Џона Хил ја раскина свршувачката со Џијана Сантос, една година откако се свршиле, пишуваат медиумите. Тие се повикуваат на блиски пријатели на двојката, коишто велат дека иако раскинале, ќе останат пријатели.
Хил (36) и неговата пет години помлада девојка се свршија лани во октомври. Кусо потоа, актерот номиниран за Оскар за филмовите „Волкот од Волстрит“ и „Купче пари“ купи имот од 6,77 милиони долари во Санта Моника, Калифорнија.
Џијана Сантос е менаџерка на „Вајолет Греј“, фирма за козметика со седиште во Лос Анџелес.
Хил во последно време, со својата сестра и мајка, е активен во кампањата за помасовно гласање на претседателските избори во САД.