Актерот Џон Гудман во вторникот го прослави 71 роденден. Неодамна на Канскиот филмски фестивал ги изненади сите со изгледот. Гудман кој во осумдесетите глумеше во популарната серија „Розеан“ тежеше 180 килограми, а денес има ослабено 90 килограми. За себе вели дека едноставено престанал да јаде.
„Порано ќе земев грст храна и ја ставав во уста. Јадев цело време. Бев зависник“, рече Гудман кој исто така 30 години се бореше и со алкохолизмот, но на крајот успеа да го победи.
„Порано правев тримесечна пауза, слабеев 27 или 30 килограми, а потоа се наградував со шест пакет пиво или други пијалоци. И само се враќав на старите навики. Овој пат сакав да го правам тоа полека, да се движам, да вежбам. Доаѓам до возраст кога веќе не можам да си дозволам да седам мирен. И тоа ми дава енергија за работа, бидејќи работата е многу исцрпувачка“, рече тој.