Акционерите на „Твитер“ го тужат Илон Маск

Акционерите на „Твитер“ го тужат Илон Маск

пред 2 години

Акционерите на „Твитер“ поднесоа тужба против Илон Маск затоа што манипулирал со цената на компанијата во време кога ја купи за 44 милијарди долари.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека Маск успеал да заштеди 156 милиони долари, со тоа што не пријавил дека до 14 март купил повеќе од 5% од акциите на компанијата и побараа од судот да ја признае нивната тужба и непознатиот износ на отштета.

Тие го тужат и самиот „Твитер“ и тврдат дека компанијата морала да го  истражи однесувањето на Маск во тој период. Но, не побарале отштета од неа.

Инвеститорите тврдат дека и по преминувањето на прагот од пет отсто од акциите, Маск продолжил да купува акции, за да пријави дека на почетокот на април имал 9,2 отсто од акциите.

„Со одложување на известувањето за својот удел во Твитер, Маск манипулираше со пазарот и купи акции на Твитер по вештачки ниска цена“, изјавија обвинителите.

Share
Scroll to Top