Аларм од експертите: Вештачката интелигенција го „рамни“ јазикот – исчезнува индивидуалниот израз

Аларм од експертите: Вештачката интелигенција го „рамни“ јазикот – исчезнува индивидуалниот израз

пред 3 часа

Вештачката интелигенција сè повеќе го менува начинот на кој луѓето пишуваат и комуницираат, а најновите истражувања предупредуваат на загрижувачки тренд – постепено исчезнување на јазичната разновидност и унифицирање на изразувањето.

Анализите покажуваат дека корисниците, користејќи алатки како ChatGPT, несвесно се насочуваат кон „совршен“, но предвидлив стил на пишување, со што се губат уникатноста и креативноста во јазикот. Наместо богата варијација, сè почесто се појавуваат исти структури и зборови.

Студија спроведена на University of Southern California покажала дека стилската разновидност во научните трудови и медиумите нагло опаднала по појавата на алатките базирани на вештачка интелигенција.

Истражувачи од Max Planck Institute дополнително утврдиле дека специфични зборови и фрази, типични за AI-моделите, сè почесто навлегуваат во секојдневниот говор.

Според експертите, дури и луѓето кои не користат директно вакви алатки почнуваат да го имитираат нивниот стил, со цел нивниот текст да звучи „попрофесионално“ и повлијателно. Но, како што предупредува Алекс Махадеван од Poynter Institute, ваквото пишување, иако граматички исправно, често остава впечаток на бездушен и просечен текст.

Податоците од 2025 година покажуваат дека голем број мали бизниси и поединци веќе активно користат вештачка интелигенција за секојдневна комуникација, што според лингвистите може да доведе до постепено губење на автентичниот човечки глас и идентитет во јазикот.

Share
Scroll to Top