Албумот на Влатко Стефановски меѓу најпродаваните во Хрватска

Албумот на Влатко Стефановски меѓу најпродаваните во Хрватска

пред 3 години

Виртуозот на гитара, Влатко Стефановски, се пофали дека има еден од најпродаваните албуми во Хрватска. На „Инстаграм“ тој напиша: „’Тафталиџе шафл’ веќе 20 недели е меѓу најпродаваните албуми во земјата“. Албумот снимен во неговото студио „Езотерија“ за европскиот пазар го издаде „Кроација рекордс“.

„Владе – владетел на топ-листите“, му коментира Бобан Авалон, кој неколку години соработуваше со Стефановски.

Share
Scroll to Top