Александра Пријовиќ закажа и трет концерт во белградска Арена

Александра Пријовиќ закажа и трет концерт во белградска Арена

пред 9 месеци

Пејачката Александра Пријовиќ го најави третиот концерт во белградската Арена. Откако билетите за првите два се распродадоа, Пријовиќ одлучи на публиката да ѝ ја исполни желбата за уште еден. Концертите се закажани за 28, 29 и 30 септември.

Пријовиќ рече дека не го крие ентузијазмот и благодарноста кон обожавателите и додаде дека поради огромниот интерес го закажа и третиот концерт.

„Сакам да ви се заблагодарам за сите убави работи кои ми се случија годинава и ви благодарам што дојдовте на моите настапи. Посебна благодарност за двете речиси распродадени белградски арени, двете загрепски арени и сараевската Зетра“, рече Пријовиќ и објасни дека датумот на 28 септември е закажан поради пребукирањето на Арената и дека тоа е единствениот начин публиката да има можност да уживам во сите три нејзини концерти.

Реализацијата на сите три концерти во Арената е поддржана од организацијата и врвната продукција на Skymusic. Билетите се достапни од денес преку веб-страницата efinity.rs, апликацијата eFinity, во ТЦ Рајиќева (1 кат), на билетарниците на Штарк Арена и Дом Омладине и на повеќе од 1000 киосци на Мој низ целата земја.

Share
Scroll to Top