Алексеј Навални бил отруен со новичок потврдија властите во Германија

Алексеј Навални бил отруен со новичок потврдија властите во Германија

пред 4 години

Германската влада потврди дека рускиот опозиционер Алексеј Навални бил отруен со хемискиот нервен отров од групата новичок.

Портпаролот на германската влада Штефен Зајберт соопшти дека владата претходно ја замолила Организацијата за забрането хемиско вооружување за помош во анализата на тестовите на Навални. Резултатите од анализата стигнале од две референтни лаборатории.

„Резултатите се согласуваат со оние кои веќе беа направени во специјалната лабораторија во Германија, Франција и Шведска. Тоа е доказ дека Навални бил жртва од напад на хемиското нервно борбено средство од новичок групата“, изјавил Зајберт.

„Владата во моментов го анализира деталниот експертски извештај од анализата, а проценката на ризикот од ширење ќе има клучна улога во нејзиното објавување. Не смееме да дозволиме опасната супстанца да стигне во погрешни раце“, дополни Зајберт.

Германската влада го повтори своето барање и побара од Русија да се изјасни за овие настани.

Извршниот совет на Организацијата за забрането хемиско оружје, во наредните денови ќе ги обелодени нејзините наредни чекори и во кругот на европските партнери ќе размени некои од информациите.

Секоја употреба на хемиско вооружување претставува значителен престап кој не смее да остане без последици, порачал Зајберт.

Share
Scroll to Top