Алекс Родригез раскина со новата девојка

Алекс Родригез раскина со новата девојка

пред 3 години

Поранешната американска бејзбол ѕвезда Алекс Родригез ѝ раскина на новата девојка, пренесоа светските медиуми. Откако се раздели со Џенифер Лопез, Родригез почна да излегува со фитнес моделот Кетрин Паџет.

dobivaj vesti na viber

Извор за Page Six рече дека двајцата останале пријатели и дека откако се разделиле, Алекс продолжил да се дружи со семејството. Во саботата бил виден на фудбалски натпревар на Универзитет во Мајами со една од ќерките.

„Прекинаа, но останаа пријатели. Сега е концентриран на семејството и својот бизнис“, рече изворот.

Двајцата беа видени првпат заедно во јануари на натпревар на НБА тимот Минесота, на кој тој е сопственик. Во јуни беа на крстарење со јахта во Италија. Одмораа и на Ибица и во Шпанија. И тогаш многумина блиски до нив зборуваа дека врската не им е сериозна.

„Кетрин е одлична девојка, но не се сериозни. Само се забавуваат и тоа е тоа“, рече тогаш извор близок до нив.

Share
Scroll to Top