Алек Болдвин ја тужи екипата на филмот „Р'ѓа“: Сакам да го исчистам своето име

Алек Болдвин ја тужи екипата на филмот „Р’ѓа“: Сакам да го исчистам своето име

пред 1 година

Холивудскиот глумец Алек Болдвин поднесе тужба против оружарот и уште три члена од филмската екипа на филмот „Р’ѓа“ на чие снимање ја застрела снимателката Халина Хачинс. Болдвин тврди дека не е виновен за убиството и дека пиштолот не требал да биде наполнет, но и дека откако ја застрелал Хачинс преживеал големи трауми и душевен немир.

dobivaj vesti na viber

Болдвин ја поднесе тужбата пред Врховниот суд на округот Лос Анџелес. Тој го обвинува за невнимание на полицаецот за оружје Хана Гутиерез-Рид заедно со Сара Закри и првиот помошник директор и координатор за безбедност Дејвид Холс, за кои вели дека му го предале пиштолот. Меѓу обвинетите е и добавувачот на муниција Сет Кени, чија компанија ги обезбедила реквизитите за снимањето. Болдвин бара отштета поради огромната болка што ја трпи.

„Сакам само да го исчистам своето име“, рекол Алек по поднесувањето на тужбата.

За потсетување, Болдвин ја застрела Хачинс лани на 21 октомври, додека вежбал сцена што требал да ја сними следно. Тој го погоди и режисерот Џоел Соуза, но тој преживеа. Истрагата подоцна утврдила дека во пиштолот имало вистинска муниција, а не лажни куршуми што се користат на снимањата.

Share
Scroll to Top