Алигатор долг 4 метри фатен во парк во Њујорк

Алигатор долг 4 метри фатен во парк во Њујорк

пред 1 година

Aлигатор бил фатен во парк во Њујорк, а неговиот сопственик најверојатно го ослободил далеку од вообичаеното потопло живеалиште во југоисточниот дел на САД, соопштија градските власти.

Алигаторот бил забележан во неделата наутро во паркот „Проспект“, омиленото место на жителите на Бруклин за пикник и прошетка со своите миленици, додека зимските температури се движеле околу 10 до 15 Целзиусови степени.

Ренџер го фатил алигаторот долг 4 метри, кој бил најден во летаргично расположение кое е можеби предизвикано од студеното време, се вели во соопштението на Њујорк Сити Паркс.

Се додава дека ваквите урбани јавни простори не се соодветни живеалишта за животни кои не се родни во тие паркови и дека нивното ослободување, освен што е нелегално, може да доведе и до елиминација на автохтоните видови и нездрав квалитет на водата.

Алигаторот е однесен на опоравување во зоолошката градина во Бронкс, се вели во соопштението и се додава дека за среќа никој не е повреден.

Последното пријавено откритие на голем алигатор во Њујорк беше во јуни 2001 година, кога властите, медиумите и љубопитните жители поминаа пет дена ловејќи залутан кајман во Централ парк.

Share
Scroll to Top