Алфи од серијата „Емили во Париз“ е кандидат за улогата на новиот Џејмс Бонд

Алфи од серијата „Емили во Париз“ е кандидат за улогата на новиот Џејмс Бонд

пред 2 години

Актерот Лусиен Лависконт од популарната серија на Нетфликс, „Емили во Париз“, би можел да биде новиот Џејмс Бонд. Продуцентката Барбара Броколи, која ги има правата на филмската франшиза за Џејмс Бонд, го одбрала Лависконт како кандидат за улогата.

Лависконт се прослави со улогата во „Емили во Париз“, а наводно токму улогата во серијата му помогнала да влезе во потесниот избор за новиот агент 007.

„Лусиен го има она што е потребно за да биде новиот Бонд. Тој е исклучително талентиран актер, и во последните 18 месеци освои многу обожаватели со неговата улога во „Емили во Париз“. Луѓето кои работат на новиот Бонд веќе можат да го видат во смокинг 007, тој би бил совршен за улогата“, изјавил за Дејли Меил извор близок до продукцијата на Бонд.

Сепак, Англичаните нагласуваат дека една работа може да биде пречка за Лависконт, а тоа е неговото учество во Celebrity Big Brother во 2011 година. Производителите на франшизата го гледаат тоа како дамка во кариерата на Лусиен и мислат дека тоа може да му наштети на угледот.

Во конкуренција за новиот Џејмс Бонд се споменуваа и Хенри Кавил, Идрис Елба, Том Харди, Рене-Џин Пејџ, Арон Тејлор-Џонсон, Ричард Маден, Том Хидлстон, Силијан Марфи и многу други.

Share
Scroll to Top