Папараците во Беверли Хилс го забележале актерот Ал Пачино како излегува од домот на неговата бивша девојка Лусила Сола, која е 36 години помлада од него.
Ал Пачино бил забележан пред домот на Сола. Додека актерот излегува од дворот, таа му го држи чадорот и потоа му помогна да влезе во автомобилот.
Четиригодишната врска Пачино и Сола, ја раскинаа во 2015 година. И после седум години, Пачино и Сола наводно сè уште се блиски пријатели.
„Многу се блиски, но не им било судено да бидат заедно. И двајцата се посветени на нивната работа, па одржувањето врска отсекогаш им било тешко“, изјавил извор близок до актерот.
Лусила е мајка на Камила Морон, бившата девојка на Леонардо ди Каприо.
Разликата во години помеѓу актерот и Лусила е 36 години, но таа не е најмладата девојка што ја имал актерот, неговата сегашна девојка 29 годишната Нур Алфака.