Актерот Ал Пачино се дружеше со бившата девојка Беверли Д’Анџело и нејзиниот сопруг. Тројцата биле видени на семеен излет во Лос Анџелес, во исто време додека актерот чека бебе со 54 години помладата Нур Алфалах.
Пачино и Беверли останаа блиски откако се разделија во 2004 година. Со неа ги доби близнаците Антон Џејмс и Оливија, а покрај нив ја има и ќерката Џули со Јан Тарнат. За потсетување, ѕвездата од филмот „Кум“ рече дека му е особено мило што на 83 години ќе стане татко.
„Имам многу деца и отсекогаш ми беше посебно. Но, сега особено затоа што доаѓа на овие години“, рече Пачино.