Холивудскиот пар Џорџ Клуни и Амал Клуни повторно го украдоа вниманието на јавноста, но овојпат во фокусот беше токму Амал, која со својот изглед буквално ја освои вечерта.
Двојката присуствуваше на престижното доделување на наградите Чаплин во Њујорк, каде што се собраа бројни познати личности од светот на филмот и модата. Иако Клуни остана верен на својот препознатлив стил – класично црно одело со бела кошула и елегантна вратоврска – сите погледи беа насочени кон неговата сопруга.

Амал се појави во впечатлив мини фустан во боја на цвекло од луксузниот бренд Balenciaga, кој совршено ја истакна нејзината фигура и витките нозе. Комбинацијата ја надополни со златна чантичка и минималистички обувки, додека косата ја носеше во висока опашка – избор што дополнително ја потенцираше нејзината природна убавина и самодоверба.
Нејзиниот изглед брзо стана тема на коментари на социјалните мрежи, каде многумина истакнаа дека Амал изгледа беспрекорно и со леснотија ги засенува и најголемите модни икони.
Покрај модниот впечаток, двојката уште еднаш покажа зошто важи за една од најелегантните и најстабилни во светот на шоу-бизнисот. Нивната појава на црвениот тепих секогаш привлекува внимание, но овојпат пораката беше јасна – стилот и самодовербата на Амал Клуни се доволни за да ја направат ѕвезда на секој настан.
Со вакви изданија, таа уште еднаш потврдува дека не е само успешна адвокатка, туку и вистинска модна инспирација на глобално ниво.





