Амбер Херд тврди дека Џејсон Момоа доаѓал пијан на снимање на „Аквамен 2“

Амбер Херд тврди дека Џејсон Момоа доаѓал пијан на снимање на „Аквамен 2“

пред 1 година

Амбер Херд и Џејсон Момоа наводно имале прилично ладен однос на снимањето на „Аквамен 2“.

„Вараети“ објави детали од белешките на психотерапевтот на Амбер Херд, Дон Хјуз, кои беа користени во текот на судењето на актерката и нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп.

Меѓу другото, Амбер му кажувала на својот терапевт и за снимањето на „Аквамен 2“ (Aquaman 2). Таа се осврнала на колегата Џејсон Момоа, тврдејќи дека тој намерно се облекувал како Деп, дури и ги носел истите прстени, во обид да ѝ го одвлече вниманието, односно да ја декоцентрира. Таа тврдела дека Момоа сакал да ја отпуштат и дека на снимањето доаѓал пијан.

Претставникот за медиуми на актерот ги негираше овие наводи.

„Џејсон Момоа беше професионален цело време на снимањето на ‘Аквамен и изгубеното кралство’, рече тој. Извор близок до актерскиот тим, кој бил присутен на снимањето на некои сцени, изјави дека Џејсон сака да пие пиво одвреме-навреме како и сите други, но не се појавувал пијан на сет ниту се облекувал како Џони Деп.

Изворот додаде дека Херд за малку ќе била исфрлена од сетот поради недостаток на хемија со Момоа, но Илон Маск – сопственикот на „Тесла“ со кого таа беше во врска – ѝ го спасил ангажманот во филмот.

Според „Вараети“, милијардерот Маск – тогашниот партнер на Херд – напишал заканувачко писмо до „Ворнер Брос“ дека ќе ги уништи доколку таа не ја задржи својата улога во серијалот.

Патем, белешките од психотерапевтот на Амбер користени за време на судскиот процес станаа вирални на социјалните мрежи откако фановите на Деп платија судска такса за нивно објавување, известува „Вараети“.

Share
Scroll to Top