Американецот опседнат со порно ги доби на суд родителите што му ја уништија порно колекцијата

Американецот опседнат со порно ги доби на суд родителите што му ја уништија порно колекцијата

пред 3 години

Американецот Дејвид Веркинг (42)  од Мичиген ја добил тужбата против неговите родители, оти му ја фрлиле колекцијата со порносписанија, филмови и сексуални помагала, вредна околу 23.000 евра. Дејвид од родителите побарал отштета од 85.000 долари.

Судијата Пол Малони пресудил во негова корист, пренесува „Гардијан“.

„Нема сомнеж дека кутијата била во сопственост на Дејвид“, изјавил судијата.

Неговите родители признале дека тие му ја уништиле колекцијата. Тие на судијата му кажале дека тие имале право на такво нешто. Тие неговата порноопсесија ја споредиле со зависност од кокаин и пред судот рекле дека тоа го направиле за негово добро.

Судијата изјавил дека не постои закон, според кои тие имаат право да уништат туѓ имот кој не им се допаѓал. Порноколекцијата на Дејвид била спакувана во 14 кутии. Тој во 2016 година откако се развел се вратил да живее дома кај неговите родители. Тој поминал десет месеци со нив.

Откако се иселил ги замолил да му ги испратат неговите работи на новата адреса во Индијана. Од нив добил сè, освен кутиите со порноматеријали.

Дејвид за порнографија почнал да се интересира уште во средно училиште. Според неговиот татко, тој бил исфрлен од факултет зашто го фатиле како дели порноматеријали на други студенти.

 

Share
Scroll to Top