Американец ја направи најголемата пица на светот, па ја донираше во народни кујни

Американец ја направи најголемата пица на светот, па ја донираше во народни кујни

пред 1 година

Американскиот Јутјубер Ерик Декер го сруши Гинисовиот рекорд и заедно со компанијата Pizza Hut ја направи најголемата пица на светот. Пицата е долга 1299 квадратни метри и може да се подели на 68.000 порции. Ја направија во Конвенцискиот центар во Лос Анџелес.

„Баравме доволно голем и затворен простор за да можеме да ја испечеме“, рече Декер.

Пицата ја направија на 18 јануари, а претставник на Гинис потврди дека е најголемата која досега била направена. Работниците на Pizza Hut на слоевите тесто нанесле сос и други состојки, а кога сè било готово, ја испекле на парчиња.

Им биле потребни 6193 килограми тесто, 2243 килограми сос, 3991 килограм сирење и 630.496 парчиња колбас. На крајот ја донираа во народните кујни.

Share
Scroll to Top