Американскиот рапер Пи Диди стана татко по седми пат

Американскиот рапер Пи Диди стана татко по седми пат

пред 2 години

Американскиот рапер Шон Комбс, познат и како Пи Диди, стана татко по седми пат. Музичарот откри дека ја добил ќерката Лов Шон Комбс. Иако на почеток не беше познато која е мајката, сепак „ТМЗ“ откри дека станува збор за 28 годишната Дани Тран.

Шон претходно годинава потврди дека е во врска со раперката Јанг Мајами, членка на познатата група „Сити Грлс“. Двајцата потврдија дека се гледаат и со други луѓе, па така раперот доби дете со друга жена.

Диди пред Лов доби шест деца со три различни партнерки. Татко е на синовите Квинс Тејлор Браун, Џастин и Кристиан, а има и три ќерки Ченс и близначките Џеси и Д’Лили.

 

Share
Scroll to Top