Американски научници постигнаа енергетска добивка со помош на нуклеарна фузија

Американски научници постигнаа енергетска добивка со помош на нуклеарна фузија

пред 1 година

Американски научници по втор пат од декември минатата година постигнаа нето енергетска добивка во реакција со фузија, пренесе „Фејненшел тајмс“.

Истражувачите од федералната национална лабораторија Лоренс Ливермор во Калифорнија успешно го повторија експериментот на 30 јули, кога беше произведено поголемо производство на енергија отколку кога истиот експеримент беше изведен во декември, пишува весникот, цитирајќи неименувани извори.

Во истата лабораторија, во декември 2022 година, со помош на ласер е извршена нуклеарна фузија, односно спојување на два атома што емитуваат светлина во еден, при што се ослободува голема количина на енергија.

Од лабораторијата потврдија дека енергетската добивка повторно е постигната во ласерската постројка и дека анализата на резултатите е во тек.

Share
Scroll to Top