Републиканскиот сенатор од Јужна Каролина, Линдзи Грахам, повторно повика на убиство на рускиот претседател Владимир Путин. Тој и претходно месецов оцени дека некој треба да го ликвидира.
„Се надевам дека ќе биде отстранет, на овој или оној начин“, рече Грејем пред новиниарите во средата во Вашингтон.
„Не ми е грижа како ќе биде остранет. Не ми е грижа дали ќе го испратиме во Хаг и ќе му судиме. Само сакам да си замине“, рече Грахам.
Тој наводно рече дека убиството на Путин го гледа како посакувана опција за смена на рускиот претседател, исто како што напиша на „Твитер“ на почетокот на март кога јавно праша: „Има ли Брут во Русија? Има ли успешен полковник Штауфенберг во руската војска?
Sen. Lindsey Graham on his much-criticized remarks calling for Russian Pres. Putin to be assassinated by those around him: “I don’t care if we send him to The Hague and try him, I just want him to go…I wish somebody had taken Hitler out in the 30s.” https://t.co/NISboGKcpX pic.twitter.com/mSPrsZyh8K
— ABC News (@ABC) March 17, 2022
Сенаторот оцени дека Путин е воен злосторник и дека време му е да си замине.
„Тој е воен злосторник. Посакувам некој да го средеше Хитлер и во 1930 година. Путин не е легитимен лидер. Тој е воен злосторник“, рече Грахам.
Рускиот народ ќе има нулта иднина ако продолжи да го следи Путин, објасни Грахам и додаде дека ако САД продолжат со напорите да ѝ помогнат на Украина, за да се одбрани низ санкциите кои ја гушат руската економија, руските сили ќе се подигнат и ќе ја завршат кризата.
„Мислам дека светот ќе биде подобро место без Путин. Колку побрзо замине, толку светот ќе стане побрзо подобро место. Не ми е гајле на кој начин ќе го направиме тоа“, рече Грахам.
Неговите коментари се случија за време на ескалацијата на антируската реторика во Вашингтон. Претседателот Џо Бајден го нарече Путин воен злосторник првпат во средата, ден откако Сенатот ја поддржа резолуцијата со која рускиот претседател така се означува.
Извор/Курир.рс