Американски хирурзи првпат успеаја да пресадат срце од свиња на човек. Тие му пресадија срце од свиња на 57-годишниот Дејвид Бенет. Тој стана првиот човек кому му било пресадено срце од генетски модифицирана свиња.
Лекарите велат дека тоа било последната надеж за да му го спасат животот. Иако тој сега се чувствува добро и сам дише, засега не знаат каква ќе биде неговата состојба во иднина.
„Срцето има пулс, создава притисок, тоа е неговото срце“, рече главниот лекар Бартли Грифит, кој ја водел операцијата.
„Оваа операција е чекор напред кон решавањето на кризата со недостиг на органи. Секој ден во САД умираат 17 луѓе што чекале пресадување, а повеќе од 100.000 се на листата на чекање“, додаде тој.