Американците имаат тајна база на Марс

Американците имаат тајна база на Марс

пред 3 години

Пензиониран израелски генерал, Хаим Ешед (87) тврди дека Американците имаат изградено тајна база на Марс. Професорот, кој бил еден од главниот луѓе на израелската вселенска програма, тврди дека неговата земја и САД, веќе со години на ова место имале средба со вонземјани.

Ешед смета дека постои и „Галактичка федерација“, која настанала како договор меѓу вонземјаните и Американците, кои сакаат да истражат од која материја е создаден Универзумот.

Овој пензиониран генерал тврди дека двете страни ја изградиле тајната база на Марс, под површината на планетата, во која свои претставници имаат и САД и вонземјаните.

Како што пренесуваат израелските медиуми, ако ова е вистина, тогаш тоа се поклопува со одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп, да се формираат вселенски сили, како петти огранот на американската војска.

Засега не е познато колку време трае договорот меѓу двете страни, но Ешед е сигурен дека Трамп е свесен дека постојат вонземјани и тврди дека тој бил многу блиску да му открие на светот дека тие постојат.

Но, Галактичката федерација го спречила во тоа, велејќи дека тоа го прави за да ја спречи масовната хистерија и имале став дека луѓето мораат да еволуираат до нив, на кое би сватиле што значи вселената и вселенските бродови.

Ова генералот го кажал за весникот Yediot Aharonot, а го пренесува The Jerusalem Post.

На прашањето зошто дури сега ги открива овие сознанија, за животот надвор од нашата планета, Ешед вели дека тоа е затоа што му се промениле научните сваќања и додал дека сега е угледен академик.

„Ако го кажев ова пред пет години, веројатно сега ќе бев хоспитализиран. Но, во ова време, луѓето говорат поинаку. Немам што да изгубам. Веќе имам освоено награди и признанија, а голем број светски Универзитети ме почитуваат. Ставот меѓу луѓето за оваа тема во странските земји, исто така се менува“, вели Ешед.

Пензионираниот генерал, открил повеќе детали во книгата The Universe Beyond the Horizon, каде тврди дека вонземјаните спречиле нуклеарна апокалипса на Земјата.

 

Share
Scroll to Top