Анастасија, Таско, Реља: Македонски и балкански музичари на првиот Конект фестивал во Скопје

Анастасија, Таско, Реља: Македонски и балкански музичари на првиот Конект фестивал во Скопје

пред 2 години

Од 27 мај до 25 јуни во Скопје ќе се одржи еден од најголемите музички фестивали на отворено, „Конект ист гејт мол фестивал“, на кој ќе настапат некои од најпопуларните музички имиња од земјата и регионот.

dobivaj vesti na viber

Организаторите „Балкан медија“ најавуваат забава за сите вкусови со Анастасија Ражнатовиќ, Тони Зен, Таско, Реља Поповиќ, Бресквица, Раста и мнопгу други.

„Ова е еден од најголемите музички проекти кои се работеле во нашата земја. Се потрудивме да ги обезбедиме во моментот најголемите музички имиња, но не само тоа, се обидовме да ги задоволиме вкусовите на речиси сите генерации кои сакаат квалитетна музика“, велат организаторите.

Влезниците веќе се пуштени во продажба по цена од: 600 денари за дневна карта, викенд-карта ќе чини 1.000 денари, а блок-карта чини 3.000 денари.

Share
Scroll to Top