Ана де Армас се всели во вилата на Бен Афлек

Ана де Армас се всели во вилата на Бен Афлек

пред 3 години

Кубанската глумица Ана де Армас, се вселила во вилата на нејзиниот партнер Бен Афлек, пишува магазинот People. Иако до неодамна за нив двајца се зборуваше дека ќе раскинат, сега светските таблоиди пренесуваат дека двајцата планираат заеднички живот.

Според извор близок до нив, Ана се вселила во вилата на Бен, вредна 200 милиони долари, која глумецот ја купил по разводот од неговата поранешна сопруга, глумицата Џенифер Гарнер.

Станува збор за недвижнина, со вкупна површина од 13.453 квадратни метри, која има седум спални соби, вежбална, кино, базен и девет купатила.

Изворот објаснува дека Бен планира наскоро и да се вери и дека токму во вилата планира да ја запроси глумицата.

Во септември годинава, неименуван извор за британски „Сан“, објаснил дека Бен, вилата ја гледа како идеално место за нов почеток, каде ќе ужива со неговите три деца кои ги доби со Џенифер, Вајолет, Серафина и Семјуел.

Share
Scroll to Top