Ана де Армас се всели кај Бен Афлек по осум месеци врска

Ана де Армас се всели кај Бен Афлек по осум месеци врска

пред 3 години

Глумицата Ана де Армас, се всели во куќата на Бен Афлек (48) на Беверли Хилс, по осум месеци врска, пишува магазинот „Пипл“. 32-годишната актерка, неодамна го ставила на продажба нејзиниот дом во Венис, Калифорнија, за да почне да живее со Афлек, рекол извор близок до двојката за „Пипл“. Тој додал дека и покрај пишувањата на некои медиуми дека врската им е во криза, тие се сепак среќни и заљубени.

Бен и Ана на крајот на ноември беа во Њу Орлеанс, каде што ги снимаа нивниот заеднички филм „Длабока вода“. Потоа се вратија во Лос Анџелес за Денот на Благодарноста, а празникот го поминаа со трите деца на Бен, кои ги има од бракот со актерката Џенифер Гарнер.

 

Share
Scroll to Top