Ана Николиќ плати 50.000 евра за детоксикација на телото

Ана Николиќ плати 50.000 евра за детоксикација на телото

пред 1 година

Српската пејачка Ана Николиќ платила 50,000 евра за детоксикација на телото во позната клиника во Австрија, пишуваат медиумите. Таа во клиниката ќе остане две недели. Сето ова се случува пред концертот на Николиќ во Белград, а за кој пејачката сака да се врати во форма.

„Ана е свесна дека пред концертот во Белград ја очекува напорен период, а со оглед на тоа дека ова ќе биде вистински музички и визуелен спектакл со голем број танчари и дека ќе има тешка кореографија, која бара физичка подготвеност, таа одлучи да биде колку што е можно поподготвена“, рекол извор близок до пејачката за „Хелоу“.

Тој додал и дека Ана е перфекционист, но и дека сака да си удоволува себеси и да ѝ биде добро, па затоа се решила да ја посети клиниката, каде што еден ден чини околу 3,100 евра.

„Луксузно опремената вила покрај езеро, која е всушност клиниката, беше доволна причина таа да го закаже својот престој таму. Со оглед на тоа што еден ден чини над 3.000 евра, за две недели ќе потроши близу 50.000. Покрај лимфната дренажа и абдоминалните масажи, на Ана особено ѝ се допадна детоксикацијата на телото, која се нарекува ‘завиткување во цвеќе’. Се работи за третман каде што лежите покриени со слама и одредено цвеќе за побрзо закрепнување на организмот и извлекување на сите токсини од него. Таа се пошегува со другарките дека ќе спие на слама“, додал истиот извор.

Share
Scroll to Top