Ана Петановска ќе пее на „Бисер на Јадранот 2024“

Ана Петановска ќе пее на „Бисер на Јадранот 2024“

пред 5 месеци

Младата пејачка Ана Петановска, в сабота (29 јуни) ќе настапи на регионалниот музички фестивал „Бисер на Јадранот 2024“ во Тиват.

Таа меѓу 25 изведувачи од целиот регион кои се во натпреварувачкиот дел на фестивалот, ќе настапи со песната насловена „Љубовта секогаш победува“ (Љубав увјек победи). Музиката е на Григор Копров, текстот на Душан Бачиќ, додека за аранжманот се погрижи Стефан Петановски.

После настапот на на „Бисер на Јадранот“ следува концерт во чест на композиторот Григор Копров со кој Ана Петановска активно соработува. „Најдоброто од Копров“ на 4 јули во Националната опера и балет е заокружување на богатото музичко творештво на Копров. Ќе настапат Ана Петановска, Наде Талевска, Горан Наумовски и како ексклузивен гостин на покана на Копров ќе настапи Владо Јаневски.

Публиката ќе има можност да ги чуе добро познатите рефрени на Лиду ду, Остани во мене, Чаирска романтика, Анушка, Не допирај ме, Усни на усни, Немир и многу други песни кои оставиле траг во македонската музичка историја.

На самиот концерт ќе се одржи и промоција на видео записот за песната „Балада за анѓела“ („Балада за ангелот“) од Григор Копров изведена на

„Београдско пролеќе“ 2024 во интерпретација на Ана Петановска.

Македонската публика ја знае 20-годишната Ана најмногу по настапите на неколку врвни музички настани, како традиционалниот концерт на Националната опера и балет по повод празникот Василица, Оскаровската Гала вечер со филмска музика, „Београдско пролеќе 2024“, концертите на Камерниот оркестар Битола со хитови од `80-те и `90-те и концертот посветен на Тоше Проески.

На сите концерти ја восхити публиката со волшебниот глас и незаборавните изведби. Таа е пејачка која го остава срцето на сцена, а нејзината енергија и емоции остануваат долго по завршувањето на аплаузите.

Share
Scroll to Top