Ангела од Струмица и Бранка од Скопје, две Македонки кои влегоа во тртиот круг на „Гранд“

Ангела од Струмица и Бранка од Скопје, две Македонки кои влегоа во тртиот круг на „Гранд“

пред 1 година

Ангела Котуровиќ од Струмица влезе директно во третиот круг од најголемото регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Ангела пееше песни од Нина Бадриќ и Марија Шерифовиќ. Таа ги освои сите шест гласа од жирито.

„Силна моќ во гласот, убава боја. Вечерва ти ,,пееше’’ во вистинска смисла на зборот’,’ кажа Вики додека Босанац кажа дека Ангела е пејачки капитал на кој треба да се работи и надградува.

Покрај Ангела учествуваше уште една Македонка, Бранка Соколовска (36) на која ментор и е Вики Миљковиќ. Бранка како прва песна ја одбра народната „Ако згрешам, нека изгорам“, а втора „1003“ на Тамара Тодевска.

Бранка како и Ангела се пласираше во следниот круг на шоуто.

 

Share
Scroll to Top