Андреј Пајмакоски од Македонија сними моден едиторијал во Милано за „Boss“

Андреј Пајмакоски од Македонија сними моден едиторијал во Милано за „Boss“

пред 1 година





Андреј Пајмакоски од Македонија, кој е интернационален успешен модел за потребите на модниот едиторијал за магазинот „Мовем“ носи креации на модниот бренд „Boss“.

Пајмакоски за време на две месечниот престој во Милано беше ангажиран за новата модна сезона на брендот. Едиторијалот бил фотографиран на неколку локации во Милано.

Пајмакоски е веќе подолг период присутен на интернационалната модна сцена, но сега веќе кога го застапува  докажаната агенција ELITE дојдоа вистинските проекти. Андреј е еден од ретките машки модели кои си го трасираше патот до големите светски метрополи. Под раководството и тимот на Марко Николиќ од Фокс Моделс неговата кариера почна да движи по нагорна линија. Егзотичниот убавец со вистинските манекенски пропорции е одличен пример за сериозноста и професионалноста на машката модна сцена – велат од неговата матична агенција Моделс ИН Менаџмент од Скопје.






Share
Scroll to Top