Андре Риу (72) или како го нарекуваат холандскиот крал на валцерот на 23 ноември ќе одржи концерт во Скопје.Тој и неговиот оркестар „Јохан Штраус“ повторно доаѓаа во Македонија но со сосема ново шоу, во арената „Борис Трајковски“.
Во 1987 година Риу го создаде оркестарот „Јохан Штраус“ и тој сега има околу 60. музичари. Пред пандемијата, тие одржуваа по стотина концерти годишно, низ целиот свет.
Риу првпат настапи во Македонија во јуни 2019, и тогаш во организација на „Пасворд продукција“.