Анета и Молика со хуманитарен концерт во Битола

Анета и Молика со хуманитарен концерт во Битола

пред 1 година

Македонската група „Молика“ на 21 април ќе има концерт во Центарот за култура во Битола. Концертот ќе почне од 20 часот, а собраните средства ќе бидат наменети за една од најстарите цркви во Битола, Царската Црква, Успение на Пресвета Богорица и 12 Апостоли, на калето.

„Сите заедно да оставиме уште еден белег и да придонесиме да се подигни овај Божји храм. Со Божји благослов, да го реализираме овој преубав проект и да помогниме вo неговото возобновување на постоечките темели за кои добивме благослов од Битолската Митрополија. Се гледаме на концертот на кој ќе имате можност да ги слушате сите хитови испеани од мене и група Молика“, рече пејачката Анета Мицевска.

Влезниците ќе се продаваат по цена од 150денари, а ќе може да се купат на касата во Домот на култура секој работен ден.

Share
Scroll to Top