Од сите континенти на планетата Земја, Антарктикот е најмистериозниот. За тоа постои причина.
Тој е последниот откриен континент и поради тешките услови за живот на многу ниските температури, никогаш не бил населен со луѓе.
Тоа донекаде се променило од средината на минатиот век, кога поединечни земји од светот на овој континент ги направиле своите истражувачки станици.
Луѓето кои денес го посетуваат Антарктикот најчесто се оние кои што имаат некаква работа таму, но сега тоа можат да го прават и туристите, со тоа што мора да издвојат значајни финансиски средства за таквата авантура.
Ова се 10 интересни факти за Антарктикот:
1. Mногу од земјите имаат свои аеродроми на Антарктикот, а некои дури за свои писти ги користат површините покриени со мраз и снег.
2. За секоја Нова година во истражувачката станица Мекмурдо се одржува музички фестивал со наслов „Icestock“.
3. Хеви метал групата „Metallica“ настапувала на Антарктикот во 2013 година и така станал единствениот бенд кој што имал концерт на секој од седумте континенти на планетата Земја.
4. Истражувачката станица Мекмурдо има своја куглана која што е направена во далечната 1961 година.
5. Превозот на луѓето од една до друга истражувачка станица е овозможен со помош на специјални автобуси.
6. Во станиците и базите на Антарктикот во текот на празниците неретко се одржуваат маскенбали.
7. Верувале или не, на Антарктикот еднаш годишно се одржува маратон.
8. Истражувачите често нуркаат во водите на Антарктикот, а исто понекогаш тоа го прават и заинтересираните туристи.
9. Хоророт со име „South of Sanity“ е првиот филм кој што целосно е снимен на Антарктикот.
10. Антарктикот е една од најубавите локации на нашата планета за пронаоѓање метеорити, пред сè поради ладната и сува клима која што преовладува на овој континент.